* Exтras & Elizabeth Guttierez *
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Forum for Elizabeth Guttierez & very much extras


You are not connected. Please login or register

* Биографија & Дискографија *

Go down  Порака [Страна 1 of 1]

- AndReJz


Супер Член
Супер Член

Елена Ристеска:
* Биографија & Дискографија * 200px-Elena_risteska
Елена Ристеска е македонска пејачка и текстописец. Претставник е на Македонија на изборот на песна за Евровизија за 2006 со песната „Нинанајна“ на Дарко Димитров и Раде Врчаковски. Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје, Македонија (тогаш СР Македонија во составот на СФР Југославија). Родена е како второ дете во домот на Деса и Ацко Ристески. Таа уште во своите рани години покажала интерес кон музиката и уметноста. Таа своите први чекори во музиката ги прави во раните школски денови. Подоцна се приклучува кон КУД „Кочо Рацин“ во одделот за народни ора и танци. Со ова културно уметничко друштво гостува во неколку европски земји.
Во 1996 година таа започнува и да пее во училишниот хор. Нејзиното меѓународно претставуваше со хорот било во Бугарија. Во 1998 година таа започнала и со цртање и при тоа се здобила со повеќе награди. Во 2000 година заедно со играорната дружина била на турнеја во Бугарија, Чешка Република и Турција. Елена официјално позната на Македонската публика и стана со победата на музичкото- реалити шоу - Play- потрага по ѕвезда. Нејзиниот деби сингл „Она Другото“ станува инстантен хит во Македонија, а како резултат на тоа произлегува нејзиниот деби албум насловен како „Ден и Ноќ“. Албумот вклучува неколку песни кои истотака станубаат успешни хитови во Македонија и соседните земји. Ристеска освен како пејач се покажува и како текстописец и пишува за ѕвезди како 4Плеј, Ламбе Алабаковски, Александра Пилева, Маја Саздановска, Роберт Билбилов, Верица Пандиловска и др.
Заедно со големиот успех на нејзиниот деби албум, Елена почнува да се промовира и надвор од Македонија. Во 2004 година таа учествува на „Голден Стаг“ фестивалот во Романија, а во 2005 година со нејзиниот хит „Ни на небо, ни на земја“ се претставува на Сунчане Скале во Херцег Нови. Нејзините видеа често време беа вртени по МТВ Адриа, а со тоа нејзината популарност се повеќе се зголемува. За Елена Ристеска 2008 година започнува професионално. Таа го реализира првиот самостоен сингл на англиски јазик и тоа со видеоклип. Тоа е за песната насловена како „Million Dollar Player“ (или англиската верзија на „Милионер“). Видеото е продукција на „Corrino Media Group“, а режисер на видеото е Мајк Статик. Покрај Елена во видеото се појавува и Лирој Чемберс кој всушност е и автор на текстот за оваа песна.
После тоа Елена се навраќа на некои постари проекти. Таа снима видео за песната „Некаде Далеку“ од албумот 192. Покрај Македонската верзија таа снима видео и за српската верзија која е насловена како „Bye bye“ и дел од албумот „Милионер“. Режисер на видеото е Александар Ристовски - Принц. Во меѓувреме снима нова песна, односно дует со групата „Паркети“ под насловот „Сакам да те галам“ која истотака се здобива со видео реализација.
На 19 Декември таа го одржува и нејзиниот прв солистички концерт. Одржан е во „Метрополис Арена“. На концертот како гости се појавија Ламбе Алабаковски, Туна, Паркети како и Босанскиот бенд „Регина“ со кои што Елена има дует.
На почетокот на 2009 таа снима спот за песната „Усни како темно мастило“. Во 2010 таа донесува успех со реализација на проектот „Доста“ кој ги надмашува ТОП Листите. Таа исто така се наога на ТОП Листите со нејзината песна „А Можевме“, која поради големиот успех во Македонија е препеана и на Хриватски јазик од Елена, каде што се забележува голем успех..

*//*

Дискографија:
Код:
И јас сакам да бидам ѕвезда (2002)
Ден и ноќ (2003)
192 (2006)
Милионер (2008)
.

Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот