Ангели (шпански: Casi Angeles) е аргентинска тинејџерска теленовела која во Македонија се прикажува на А1 Телевизија . Теленовелата во Аргентина својата премиера ја имала на 21 март 2007, но после нејзиниот голем успех била најавена и втората сезона која започнала неколку месеци по завршувањето на првата т.е после 15 ноември 2007. Серијата раскажува за неколку деца кои се посвоени од злобните Бартоломе и Хустина и живеат под нивен надзор во една вила. Но, причината поради која тие не се чувствуваат најдобро и сакаат да избегат од моменталниот живот е тоа што нивниот старател ги учи да крадат. Серијата има огромен успех во Аргентина, но најголема причина е креаторот на серијата, Крис Морена, кој ги создаде мега популарните Млади бунтовници, Флорисиента, Пиратска душа и др. Aктерската постава од серијата има основано и музичка група "Teen Angels" која ги задоволува фановите со концерти и има голем успех насекаде низ светот.
* Exтras & Elizabeth Guttierez *