* Exтras & Elizabeth Guttierez *
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Forum for Elizabeth Guttierez & very much extras


You are not connected. Please login or register

* Биографија *

Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1* Биографија * Empty * Биографија * Вто Јун 29, 2010 1:38 pm

- AndReJz


Супер Член
Супер Член

* Биографија * 220px-Beyonce
БИОГРАФИЈА:
Бијонсе Жизел Ноулс (Beyoncé Giselle Knowles), родена на 4ти септември, 1981 год., најдобро позната како Бијонсе, е американска ритам и блуз пејачка, текстописец, продуцент, актерка и модел. Родена и израсната во Хјустон, Тексас, таа била зачленета во различни школи за сценски уметности и уште од мала била изложена на натпревари по пеење и танцување. Ноулс станува славна во доцните ‘90ти како главен вокал на женската група Дестинис Чајлд (Destiny’s Child). Ноулс со својата група има продадено повеќе од 50 милиони плочи низ целиот свет и преку 118 милиони плочи во целата нејзина кариера.
За време на паузата на Дестинис Чајлд, Ноулс го издаде својот прв соло албум, Dangerously in love, во јуни 2003 год. Dangerously in love ги создаде хитовите: “Crazy in Love”, “Baby Boy”, “Me, Myself and I”, и “Naughty Girl”. Албумот стана еден од најуспешните албуми таа година. Тој и донесе на Ноулс пет Греми награди во 2004 год., и неговиот прием ја докажа нејзината изводливост како соло артист. Растурањето на Дестинис Чајлд во 2005 год. го олеснија нејзиниот постојан успех: таа го издаде својот втор соло албум, B’Day, во 2006 год., кој ги содржеше хитовите “Déja Vu”, “Irreplaceable” и “Beautiful Liar”. Нејзиниот трет соло албум, I am…Sasha Fierce, беше издаден во ноември 2008 год., и ги вклучуваше хитовите: “If I were a boy”, “Single Ladies (Put a Ring on It) и “Halo”. Ноулс досега има постигнато пет “Hot 100” број еден синглови, заедно со Ријана како женски артист со најмногу број еден хитови во декадата 2000-2009. Таа исто така е женски артист со најмногу топ десет и најмногу топ пет хитови на “Hot 100” оваа декада со 12 топ десет хитови.
Успехот на нејзините соло албуми ја оформи Ноулс како еден од најпродаваните артисти во музичката индустрија. Таа ја започна својата актерска кариера во 2001 год., појавувајќи се во мјузиклот Carmen: A Hip Hopera. Во 2006 год., ја играше главната улога во филмската адаптација на мјузиклот од Бродвеј, Dreamgirls, за кој заработи две номинации за Златен Глобус. Во 2004 год., Ноулс ја лансираше својата семејна модна линија, House of Deréon, и беше ангажирана да потпише брендови како Pepsi, Tommy Hilfiger и L’Oréal. Во 2009 год., ја вброи како четврта на листата на 100 Најмоќни Познати Личности.

Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот