Ова е најновиот проект на главна улога на Елизабет. Еве го краткиот најавен синопис (преведен од мене):
Младата и убава Елена со нејзиниот татко-вдовец управуваат со еден хотел на плажата од океанот. Покриена и заштитена од љубовта на нејзиниот татко таа никогаш не го знаела значењето на вистинската љубов. Но таа набргу го исполнува нејзиното срце со љубов која ја чуствува кон Едуардо. Набргу Елена ке се приклучи кон палатата на Едуардо, во која живеат и членови од потесното семејство на него. Од една фотографија од починатата жена на Едуардо таа ке го дознае нејзиното име, а таа се викала Елена исто како неа, па тогаш на Елена и се причинува како да го живее духот на Елена (починатата жена). Се се врти околу една мистерија додека некој ке ја открие тајната на духот на Елена.